Connect with us

Ракомет

Спортинг падна пред Е.Пелистер

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ одиграа брилијанта ракометна партија и со третата победа сезонава во Лигата на Европа по шест одиграни кола го презедоа второто место во групата „Д“.

Tимот на Еурофарм Пелистер вечерва направи подвиг и во преполната сала „Боро Чурлевски“ го совлада Спортинг со 31:24.

Ова е трета победа за Е. Пелистер, сите во серијата од пет меча без пораз и сега со осум бода се качи на второто место во групата Д, со еден бод помалку од лидерот Ним и еден повеќе од Спортинг зад себе. Сега доаѓа зимската пауза во Европската лига, а во следното, седмо коло, зелено-белите патуваат во Ним.