Тајмаут
Спортистика мораше да глуми мртва поради мечка! Шокантни детали од „средбата“ во шума – откри како преживеа!
Финската биатлонка Ерика Јанка (27), некогашна учесничка на Зимските олимписки игри , преживеа вистинска драма на своето работно место. Оваа спортистка работи како чувар на границата меѓу Финска и Русија во близина на градот Кум, а за време на еден од нејзините вообичаени тренинзи и трчање низ градот, имала блиска средба со мечка !
Таа го забележала дивото животно на само десетина метри, а за среќа мозокот и работел доволно брзо. Таа смислила план како да се „ослободи“ од ѕверот кој сигурно ќе ја стигне доколку реши да се трка со него. На овој начин Ерика со итрина избегнала сигурна смрт, а потоа објаснила како се случило сето тоа.
„ Трчав низ шумата со слушалки и сосема случајно здогледав мечка на десетина метри десно. Легнав на земја и решив да играм мртов. Почувствував како ме душка мене, нозете и стапалата. помисли „ Дали е ова крајот?“ Тактиката се исплатеше“, рече Ерика додека мечката ја остави на земја и се оддалечи од нејзиното тело.
Овој необичен случај набрзо стана тема во финските медиуми, но и во Русија која е оддалечена само неколку километри од локацијата на која Јанка имала средба со диво животно. За смиреноста и одличното расудување и честитаа бројни спортисти, пред се колеги од зимските спортови.