Connect with us

Фудбал

Спортскиот директор на Интер е во Лондон, завршува трансфер на четворица играчи?!

Италијанските медиуми објавија дека спортскиот директор на Интер Пјеро Аусилио е во Лондон каде има средби со челниците на Тотенхем и Челзи. Антонио Конте го „искара“ раководството на „Нероаѕурите“ по поразот од Борусија Дортмунд со 3:2, иако водеше 2:0, дека нема доволен број на играчи за ротација и дека му се потребни засилувања.

Се чини дека неговите изјави вродиле со плод, па така според италијанските медиуми се очекува во јануари да пристигнат нови имиња.

Спортскиот директор Аусилио е во Лондон за напаѓачот Оливие Жиру од Челзи, потоа тројца играли на Тотенхем, Кристијан Ериксен, Јан Вертонген и Тоби Алдервејрелд. На сите овие играчи договорите им истекуваат во јуни, па можат да преговараат со кого сакаат. Дали во јануари ќе бидат ангажирани, или во јуни ќе дојдат како слободни фудбалери, останува да се види.