Connect with us

Кошарка

Србија, Словенија, Шпанија и САД се пласираа во втората фаза на СП во кошарка

Кошаркарите на Србија го совладаа попладнево Порторико со 94-77 и обезбедија пламсан во втората фаза на Светското првенство каде им се приклучи и Словенија со триумф над Грузија од 88-67

До вториот триумф во групата Б репрезентацијата на Србија ја предводеа Богдан Богдановиќ и Никола Јовиќ со по 17 поени.

Најзаслужен за втората победа на Словенците во групата Ф беше кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, кој имаше ефект од 34 поени, 10 скокови и шест асистенции.

Пласман во втората фаза обезбедија и кошаркарите на САД и Шпанија, кои попладнево, исто така, дојдоа до втора победа на Мундијалот што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Американците во рамки на второто коло во групата Ц во Манила беа поуспешни од Грција со 109 – 81, додека бранителот на титулата Шпанија во рамки на групата Г во Џакарта го надигра Бразил со 96-78.

Facebook