Тајмаут
Србите го воодушевија Новак! Скандираа и пееа пред собата! Тој се појави на прозорец
На протест дојдоа голем број луѓе. Во еден момент и самиот Новак ги поздравил од прозорец!
Насобраните скандираа и бараа Ѓоковиќ веднаш да биде ослободен.
Покрај голем број српски знамиња, имаше и македонски и грчки симболи. Сите беа следени од полицајци кои беа распоредени околу демонстрантите. Немаше никакви инциденти и се помина без проблеми.

За време на протестот пристигна една важна информација. Судењето на Новак Ѓоковиќ почнува ноќта меѓу недела и понеделник на полноќ. Зборуваме, се разбира, за средноевропско време. Во Австралија ќе биде 10 часот наутро.
Атмосферата беше навистина фантастична и нема сомнеж дека сето тоа позитивно се одрази на Ноле.
Можеме само да замислиме што ќе се случи на Австралија Опен, доколку Новак ја добие поканата за настап на првиот Грен слем во сезоната.
Протестот заврши нешто пред полноќ.