Connect with us

Кошарка

Србите поради Косово му се налутија на Перо Антиќ

Македонската кошаркарска федерација и Косовската кошаркарска федерација договорија соработка, која подразбира заеднички турнеји и меѓусебни натпревари, на ниво млади селекции, размена на тренери, заеднички тренинзи на националните тимови и учество на играчи, судии и тренери во тренинг камповите.

 

Во документот кој го објави Кошаркарската федерација на Косово се наведува дека двете страни ќе си помагаат меѓусебно во пронаоѓање на спонзори во двете земји. Двете федерации ќе имаат заеднички состаноци на годишно ниво.

Познато е дека актуелниот претседател на македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ на два наврати играше за Црвена Звезда и секако е добро познат на српските спортски новинари. Одлуката за соработка со косовската федерација наиде на негодување во тамошните медиуми кои со критики ја објавија веста.