Фудбал
Средниот ред на Барса оди на „ремонт“, ова се можните нови имиња
Барселона за следната сезона има намера да го смени средниот ред или барем дел од него. Како што познато, Ракитиќ ако не замине во јануари, тоа ќе се случи во јуни, една година пред истекот на договорот. Доколку има добри понуди, тогаш и Видал ќе замине.
Остануваат Бускетс, Артур, Де Јонг и „универзалецот“ Де Јонг.
Според пишувањата на каталонските медиуми Барселона ги сврте погледите кон Вилијан од Челзи, потоа Бентакур од Јувентус, кој е прва желба, Фабијан Руиз од Наполи, како и Саул Нигез од Атлетико.
Целта на Барселона е да ангажира двајца од овие фудбалери.