Connect with us

Тајмаут

Среќна Нова година!

Драги пријатели,

Ја испраќаме 2022 година со чувство на спортски оптимизам! Тоа беше година кога почнавме да се враќаме во нормала по тешките 2020-ти и 2021-та. Тоа беше година кога бевме сведоци на првото Светско првенство на ФИФА во зимските месеци. Експеримент кој се покажа прилично успешен. Испраќаме година во која го загубивме фудбалскиот крал. Година која донесе измешани емоции за сите нас.

Тимот на SPORTM.mk ви благодари за довербата. Ви благодариме што продолживте да бидете со нас, а ние се трудиме да не ве изневериме и секогаш ви носиме веродостојни информации!

Ви посакуваме на сите 2023 година да донесе најмногу здравје, среќа и повеќе позитивни емоции. Ви посакуваме македонскиот спорт да ве радува со успесите постигнати на стадиони, во сали и на спортски терени!

Среќна Нова година! На здравје!