Connect with us

Кошарка

Српската Ким Кардашијан ја исцеди сметката на Пол Џорџ

Една од најзаслужните за добрата игра на НБА-тимот Оклахома е сексапилната Србинка Даниела Рајиќ. Оваа Американка има српско потекло и девојка е на кошаркарот Пол Џорџ со кого има две деца, Оливија и Наташа.

Пред да се запознае со ѕвездата на Оклахома, Даниела работеше како стриптизерка. Двојката се запознала пред три години во Мајами, а по само неколку средби, таа забременила и му ја родила ќерката Оливија. Во тоа време Џорџ тврдел дека детето не е негово, поради што Даниела го тужела на суд. Меѓутоа, преку ДНК-анализа, било утврдено дека тој е татко на Оливија. Исто така Даниела го тужела Пол и за нудење на милион долари за абортус на бебето, но потоа се откажала од тужбата. Потоа ситуацијата се свртела, па Џорџ ја тужел сексапилната Србинка и барал да има старателство на своите деца. По долг период судења, се договориле да го делат старателството. Имено, во моментов двојката ги надминала сите проблеми и сега се заедно.

Инаку, поради нејзиниот задник, Даниела ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, а кога ќе ги погледнете нејзините фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“ ќе ви стане јасно зошто е тоа така.

Кога во прашање се новите натпревари во НБА-лигата, токму Пол Џорџ беше најзаслужен за новиот триумф на Оклахома на гостувањето кај Бруклин со 114:112, откако забележа 47 поени и притоа запиша 15 скокови.

Резултати: Кливелнд – Голден стејт 105:129, Орландо – Денвер 118:124, Атланта – Вашингтон 117:131, Бруклин – Оклахома 112:114, Мемфис – ЛА Клиперс 96:86, Милвоки – Детроит 115:92, Минесота – Шарлот 121:104, Њу Орлеанс – Далас 132:106, Торонто – Филаделфија 113:102, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 121:113.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com