Тајмаут
Српските навивачи направија хаос во Виена, четворица уапсени
За време на синоќешниот натпревар помеѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Русија, имаше судир помеѓу српските навивачи со полицијата во Виена.
Според денешното полициско соопштение, четири лица беа уапсени, кои фрлаа шишиња и пиротехника на чуварите.
Конфликтот избувна откако паднал првиот гол и Србија водеше, кога група на навивачи излегоа на улиците и го блокираа сообраќајот потоа ја нападнаа полицијата која презеде мерки за затворање на улицата.
Во пресметката помеѓу навивачите на Србија и полицијата на Австрија беа оштетени неколку полициски автомобили.