Connect with us

Фудбал

Срцето двапати му застана на теренот, а сега во солзи објави крај на кариерата

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ реши да стави крај на кариерата откако на фудбалски натпревар двапати му застана срцето.

Откако минатата година двапати колабираше на теренот, со додавање дека во првиот случај бил клинички мртов , Драгиша Гудељ го направи она што всушност се очекуваше.

26-годишниот фудбалер и брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ реши да се прости од фудбалот.

Нема сомнеж дека Гудељ се обиде да ја спаси кариерата преку консултација со лекарите, но јасно беше потврдено дека тоа ќе биде опасно по живот, па неговата поврзаност со професионалниот фудбал заврши.

Својата одлука ја објави во многу емотивно видео на социјалните мрежи.

https://x.com/CordobaCF_ofi/status/1816183902941372461

Гудељ е стопер роден во Холандија, каде ја започна својата кариера како играч на НАЦ Бреда. Потоа настапуваше во Швајцарија и Португалија, а од 2020 година е во Шпанија. Негов последен клуб ќе биде Кордоба, моментално второлигашот, во чиј дрес му се случија двете споменати ситуации.

Гудељ го контактирале многу фудбалери, меѓу кои и Иван Ракитиќ , кој во коментар му оставил четири срца.

View this post on Instagram

A post shared by Dragi (@dragigudelj)

Advertisement