Connect with us

Фудбал

Стадионот е целосно распродаден – утре одиме на победа!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го пушти цел стадион за продажба, па за кратко време беа распродадени сите влезници за историскиот натпревар за фудбалерите.

Нема веќе билети за утрешниот меч Македонија – Исланд, за историскиот меч по кој можеме да бидеме во баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022.

Утревечер од 18 до 20 часот нашите фудбалери ќе играат против Исланд пред најмалку 17.000 навивачи и ќе ја имаат нивната безрезервна поддршка.