Connect with us

Ракомет

Стартуваше ракометниот турнир на Олимписките игри, Македонија имаше свои претставници

Без изненадување мина првото коло од олимпискиот ракометен турнир на кој денеска својот прв натпревар во Токио го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27.

На преостанатите натпревари од воведното коло, Франција ја совлада Аргентина (33:27), Шведска избегна изненадување од Бахреин (32:31), додека, Норвешка беше поуспешна од Бразил (27:24), а Данска рутински го совлада домаќинот Јапонија (47:30).

 

 

Facebook