Connect with us

Ракомет

Стартуваше Светското првенство и тоа со групата каде е Македонија, домаќинот Египет подобар од Чиле

Стартуваше Светското ракометно првенство. Домаќинот Египет со 35:29 беше подобар од селекцијата на Чиле.

Египет го контролираше резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање.

Токму во оваа група е и Македонија, која на Мундијалот ќе игра на местото на Чешка која се откажа од учеството поради големите проблеми со коронавирусот. Првиот меч нашата селекција го игра вечерва против Шведска во 20:30 часот. Според последните информации противникот ќе настапи без неколку стандардни првотимци кои не допатуваа на СП.