Connect with us

Фудбал

Статистика: Куртоа една од послабите точки во Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, сезонава е една од послабите точки во тимот, притисокот врз него од фановите е голем, иако Белгиецот не е секогаш виновен за примените голови.

Оваа сезона, противниците на Реал шутнаа 20 пати во рамките на голот, и дури 12 пати погодија. Куртоа има само осум одбрани, што е лош просек. Од три шута кон голот, двапати топката влегува во мрежа. Синоќа против Мајорка, домашните победија со единствениот шут кој го упатија во рамките на голот на Куртоа.