Кошарка
Стеф Кари ќе отсуствува најмалку 3 месеци
Голден Стејт Вориорс ќе треба да играат најмалку 3 месеци без соиграчот Стеф Кари. Според неодамнешните извештаи, 31-годишникот ќе отсуствува најмалку три месеци поради фрактура во раката.
Кари беше опериран на левата рака и нема да може да игра до февруари. Дури и тогаш, не е сигурно дека тој ќе се врати, бидејќи дијагнозата покажува дека по три месеци ќе се преиспита состојбата на играчот.
Тимот од Сан Франциско продолжува да ги губи играчите еден по еден а сега му се придружува и Кари, кој ја скрши левата рака. Долгорочното отсуство на Стеф Кари може да биде клучно за тимот да влезат во плеј-офот.