Connect with us

Ракомет

Стефан Додиќ од Металург најмлад стрелец во историјата на ЛШ

Ракометарот на Металург, Стефан Додиќ стана најмлад стрелец во историјата на ракометната Лига на шампиони. Тој со 15 години и седум месеци успеа да се запише во листата на стрелците на вчерашниот натпревар со Чеховски Медведи.

Додиќ доби шанса да изведе седмерец и го реализира пеналот по што доби честитки од своите соиграчи.

Металург го загуби натпреварот со 33:25, што е негов петти пораз на исто толку натпревари во досегашниот дел од сезоната.