Connect with us

Други спортови

Стен Вавринка стигна до своето прво АТП финале по четири години

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка го победи Италијанецот Лоренцо Сонего со 6:3, 6:4 во полуфиналето на турнирот во Умаг (Хрватска) со награден фонд од 562.815 евра.

Шестопласираниот Вавринка победи за 1:27 часа игра и во спор за трофејот во финалето ќе се сретне со Австралиецот Алексеј Попирин, кој во другото полуфинале се наметна над седмопласираниот Италијанец Матео Арналди со 6:7( 2), 7:5, 6:3.

Вавринка (38) ќе игра во финале на АТП за прв пат од 2019 година.