Connect with us

Фудбал

Стерлинг нема да игра за Англија, бидејќи сакал да се тепа со Гомез по мечот Ливерпул-Сити

Рахим Стерлинг нема да биде во комбинација за мечот против Црна Гора во квалификациите за пласман на ЕП 2020. Оваа одлука ја донел селекторот на „Гордиот албион“ Герет Саутгејт поради конфликтот на Стерлинг со Џо Гомез на мечот Ливерпул-Манчестер Сити, кој продолжил и по дербито.

Како што пишуваат англиските медиуми, со оглед на тоа дека двајцата се репрезентативци, страстите од дербито се префрлиле и на тренингот на репрезентацијата, а тоа секако ја нарушила атмосферата. Стерлинг сакал физички да се пресмета со Гомез, но поголем инцидент спречиле соиграчите.

Сето тоа дознале во стручниот штаб на Англија, а селекторот Саутгејт одлучил да го казни, со што нема да смета на него за дуелот со Црна Гора.