Connect with us

Фудбал

Стерлинг се огласи по суспензијата од репрезентацијата: Сега сме ОК со Гомез, одиме напред

-Ние сме во спорт полн со емоции, јас како човек можам да признаам кога емоциите се посилни од мене, вели Рахим Стерлинг по суспензијата од англиската репрезентација по инцидентот со Џо Гомез.

Двајцата фудбалери влегоа во конфликт на мечот Ливерпул-Манчестер Сити, а страстите продолжија по завршувањето на дербито, кои потоа беа пренесени и на тренингот на репрезентацијата.

Поради тоа селекторот на Англија Саутгејт одлучи да го суспендира Стерлинг кој сакал физички да се пресмета со Гомез.

-Јас и Гомез сега сме добри. Разбравме. Тоа се случи траеше десетина секунди. Но, сега е се готово, одиме напред, напиша Стерлинг на Инстаграм, порачувајќи дека ова треба да се заборави и дека мислите треба да бидат насочени кон мечот со Црна Гора.

 

View this post on Instagram

 

???

A post shared by Raheem Sterling x ? (@sterling7) on