Connect with us

Фудбал

Стерлинг: За Бугарија навиваат идиоти

Напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, по победата над бугарскиот тим (6:0) синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, го коментираше расистичкото однесување на навивачите на стадионот.

-Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот, напиша Стерлинг на Твитер.

Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.