Стеван Стевановиќ: Навивачите на Вардар се луѓе со големо срце, скромен народ кој живее за спортски успех

Навивачите на Вардар се многу инспиративни и посебни. Тие носат една прекрасна енергија, тоа се луѓе со големо срце, скромен народ кој живее за спортски успех (за Вардар и Македонија) знае да ги прослави сите успеси на Вардар.  Јас сум воодушевен од Македонија и од навивачите на Вардар. Ова во интервју за Скопје Инфо го вели Стеван Стевановиќ од Арена Спорт кој беше еден двајцата коментатори за натпреварите на Вардар во финалето од Лигата на Шампиони.

Тој додава дека тоа многу им помагало во текот на преносите за полесно да ја пренесат енергијата што се случува на терен.

И кога имаш таков спој на играчи и навивачи, едноставно коментаторот мора да биде на такво ниво, додава Стевановиќ.