Connect with us

Фудбал

Стигнаа лоши вести за Зидан

Фудбалерот на Реал Мадрид Хамес Родригез ќе отсуствува од терените до крајот на годината поради повреда на коленото, пренесуваат шпанските медиуми. Родригез се повреди за време на настапите за репрезентацијата на Колумбија против Перу.

-По тестовите кои ги направија клупските лекари, утврдено е дека Хамес ги истегнал лигаментите на левото колено, се наведува во соопштението на Реал Мадрид.

Тој дефинитивно ќе го пропушти „Ел Класико“закажано за 19 декемрви.