Connect with us

Фудбал

Стоичков: Нема да има друг Стоичков, секој е уникатен

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков изјави дека Бугарија никогаш повеќе нема да има нов Стоичков, бидејќи секој играч е посебен и различен.

– Нов Стоичков нема да има, бидејќи секој си е уникатен за себеси. Во мојата книга упатувам порака до младите,  а тоа е никогаш да не се откажуваат од своите мечти и да веруваат дека и некој Бугарин може да биде најдобар на светот во некој област која е од интерес на милијарди луѓе,истакна Стоичков.

Тој беше неуспешен како тренер, сега работи по телевизии како коментатор и аналитичар, а живее  во Мајами.

Стоичков со Барселона освои се што може да се освои на клупски план, неколку пати беше прогласувам за најдобар фудбалер на Бугарија, има освоено „Златна топка“, „Златна копачка“, беше најдобар стрелец на Светско првенство во 1994 година.