Connect with us

Други спортови

Стоилковска поразена од првата носителка на фјучрсот во Анталија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во сингл на фјучрсот што се игра во Анталија за награден фонд од 15.000 долари.

Таа денеска во меч од првото коло загуби од првата носителка Ајла Аксу од Турција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:4 во гемови).

Стоилковска на турнирот ќе настапува и во конкуренција на двојки. Таа заедно со хрватската тенисерка Ена Кајевиќ утре во мечот од првото коло ќе играат против Русинките Аделина Барави и Александра Миронова.