Connect with us

Тајмаут

Стоилов повикува на полна сала против Мешков Брест: Да ја израдуваме публиката

Вардар утре вечер во „Јане Сандански“ го игра вториот меч од ЛШ, а го пречекува Мешков Брест. Со оглед на тоа дека може да има публика во салата, се разбира освен оние што се вакцинирани, Стоилов повикува на полна сала.

„Во првото коло одигравме еден чуден меч, можевме да победиме, но можевме и да загубиме. Чекаат три натпревари во серија, првиот од нив е Мешков Брест. Играме дома пред публика по долго време. Имаме новитети во екипата, двајца нови играчи, но се надевам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе славиме заедно со публиката“, изјави капитенот Стоилов.

За оваа средба тренерот Веселин Вујовиќ не  може да смета на повредените, Анте Кудуз и Јан Чувара. Овој натпревар се игра во 20:45 часот.