Ракомет
Стоилов: Пристигнавме во Келн како аутсајдери, но еве повторно сме европски првак
Капитенот Стојанче Стоилов на денешниот натпревар во Келн беше воодушевен од одиграната утакмица. Вардар по втор пат е европски првак со победата над Веспрем.
„Пристигнавме во Келн како аутсајдери, исто како првата година. Има голем притисок ако си фаворит, полесно е да играш како аутсајдер на Ф4. Ете, пак успеавме да го освоиме тој трофеј. Имавме психолошка предност со победата над Барселона и тој кам-бек што го имавме. Веспрем се плашеше малку од нас, беше свесен што можеме. Па, потоа се вратија, играа грубо, баш онака, ракометно се однесуваа на терен. Се исплашив лично дека може да се случи исто како претходно во Скопје. Не ни размислувавме за судбината на Вардар, но мислам дека треба да се реши се“, изјави Стоилов.