Connect with us

Ракомет

Стоилов: „Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува“

Вардарци се подготвени со победа да го завршат и последниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите за 2017 година против Кристијанштад од Шведска. Да ја задржиме бодовната разлика меѓу нас како лидери на табелата во група и другите екипи. Средбата е закажана за в сабота во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”

Во претходните натпревари со шведскиот тим Вардар секогаш победувал, а како што потенцира на прес-конференцијата Стојанче Стоилов.

„Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа да завршиме Лига на шампиони. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и сѐ оди добро, да не ја разочараме публиката на крајот од годинава”, вели капитенот Стојанче Стоилов.