Поврзи се

Ракомет

Стоилов: „Во Унгарија одигравме нерешено, очекувам победа во Скопје“

До крајот на групната фаза остануваат да се одиграат уште три натпревари. Покрај овој со Пик Сегед, екипата на Вардар треба да игра и со Нант (во гости) и со Висла (дома).

Натпреварот со Пик Сегед е важен за задржување на првото место, но и гостите доаѓаат со силен мотив, особено по триумфот во гости кај Рајн Некар.

Капитенот Стојанче Стоилов знае дека овој дуел ќе биде тежок со оглед на тоа што Пик Сегед секогаш бил незгоден ривал за „црвено-црните”. На првиот натпревар во Унгарија, ние освоивме бод играјќи 26-26.

„Во Унгарија одигравме нерешено, па очекувам да биде слично и сега во Скопје. Сепак, очекувам на крајот ние да славиме. Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме. Играме дома пред наша публика и пред полна сала. После поразот од Барселона се наоѓаме на добро ниво. Се тренираше одлично неделава и се надевам на добра игра и на наша победа. Во Унгарија лесно можевме да загубиме, а потоа на крајот имавме шанса и да победиме. На овој дуел ќе мораме да одиграме цврсто во одбраната и да доаѓаме до шанса за лесни голови. Без тоа тешко ќе можеме до победа, вели Стоилов.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет