Поврзи се

Ракомет

Стоилов: Загубивме на сличен начин, како што лани победивме

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по поразот во мечот за бронзата против ПСЖ на Ф4 турнирот во Келн, му честиташе на противникот и призна дека одиграл подобро во завршницата на натпреварот.
 
„Црвено-црните“ загубија на двете средби на сличен начин како што лани триумфираа, во последните моменти. Во најголем дел од средбата, вардарци имаа водство, но откако Французите поведоа со 24:23 до крајот ја имаа иницијативата и го задржаа водството. 
 
– Таков е споротот, некогаш победуваш некогаш губиш. Ние сега загубивме на сличен начин како што лани победивме. Игравме добро сега, имавме и водство во најголем дел од натпреварот, но ПСЖ во завршницата беше подобар. Им честитам, изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет