Ракомет
Стојановиќ нов тренер на ГРК Тиквеш
Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Тиквеш 2014 од Кавадарци денес го назначи Радослав Стојановиќ за нов шеф на стручниот штаб.
Стојановиќ очекува неговиот нов тим да одигра борбено на секој натпревар и верува дека ќе успеа во своите амбиции.
– Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот, изјави новиот тренер на Тиквеш.
Во плејофот од Суперлигата, Тиквеш пренесе еден бод од првиот дел на првенството.