Connect with us

Кошарка

Стојановски: Треба да ја зголемиме агресивноста во однос на претходните дуели, особено во одбраната!

Дамјан Стојановски, капитенот на МЗТ Скопје, добро го познава наредниот противник во АБА-лигата, Олимпија Љубљана и вели дека аеродромци ќе мора да имаат далеку подобра одбрана на гостувањето ако сакаат да се надеваат на позитивен резултат.

„Никогаш не е лесно да се гостува во Љубљана, каде што редовно нѐ очекува мотивиран домаќин решен да стори сѐ за да победи. Треба да ја зголемиме агресивноста во однос на претходните дуели, особено во одбраната. Ако го сториме тоа, тогаш ниту победата нема да биде невозможна мисија. Одиме чекор по чекор, добро тренираме, имаме нови кошаркари во тимот и сигурен сум дека брзо ќе најдеме излез од оваа мала криза во која се најдовме во АБА-лигата“, вели Стојановски.