Connect with us

Фудбал

Стојкоски: Штип тешко се освојува, но Работнички ќе го даде максимумот

Екипата на Работнички посакува позитивен резултат на денешното гостување во Штип. Капитенот Кристијан Стојкоски вели дека воопшто не е лесно да се освои Штип, но тој и соиграчите ќе го дадат максимумот да успеат во таа намера.

„Брегалница е квалитетен тим, а посебно добро игра пред своите гледачи. Штип тешко се освојува, но ние максимално ќе се потрудиме да ја реализираме нашата цел. Одигравме добар меч против Ренова, недостигаа единствено голови и се надеваме дека на овој дуел ќе проработиме и во најважниот сегмент од фудбалската игра. Преостануваат уште два првенствени натпревари оваа есен и фокусирани сме да освоиме што е можно повеќе бодови“, вели Стојкоски за официјалниот сајт на клубот.