Фудбал
Столе: Ја победивме Германија, зошто да не и Италија – одиме на победа!
Столе Димитриевски застана пред камерата за да го коментира натпреварот Македонија-Италија.
„За нас ова е најбитниот натпревар до сега за цела репрезентација и сите играчи. Се подготвуваме добро, мислиме на натпреварот и одиме на победа во Италија“, рече Столе.
Тој додава дека сме добро подготвени, а кога ја победиме Германија, зошто не и Италија.
„Поседуваме квалитет, не е лесно тука до каде што сме стигнале. Ја победивме Германија и други добри селекции, зошто не ѝ Италија. Важно е ние да сме добро подготвени и да се претставиме во добро светло за да покажеме за што сме отишле таму“, се надоврзува Столе.
„Во Италија кој и да игра е добро, бидејќи сите играчи се добри. Треба да го дадеме нашиот максимум за да одиме на победа“, заклучува Столе.