Connect with us

Други спортови

Стомачен вирус го погоди шампионот во Формула 1

Светскиот шампион во Формула 1 поради здравствен проблем пристигнува ден подоцна во Саудиска Арабија.

Макс Верстапен го зафати стомачен вирус и мораше да ја пропушти вчерашната редовна и задолжителна прес-конференција. Сепак, Холанѓанецот доби специјална дозвола од ФИА да не присуствува.

„Повторно се чувствувам добро откако не бев во топ форма последните неколку дена со стомачен вирус. За жал, поради оваа причина морав да го одложам мојот лет за еден ден, па нема да бидам на пистата до петок. Се гледаме во Џеда“, напиша пилотот на Ред Бул на Твитер.

Бидејќи трката во Саудиска Арабија е во вечерните часови, слободните тренинзи започнуваат доцна попладне по локално време и Макс ќе има време да се подготви.

Доколку Холанѓанецот повторно не биде добро за време на викендот, Ред Бул би можеле да повикаат еден од возачите на Алфа Таури (Јуки Цунода и Ник де Вриј) да го пополни освојувачот на титулата во последните две сезони.

По првото коло од новата сезона води Верстапен со 25 бода, а неговиот соиграч Серхио Перез заостанува 7 зад него.

Сопственикот на тимот на „Хаас“ може да биде казнет поради прекршување на мерките кон Русија. Инженерската компанија на Џин Хас испорача прецизна машинска опрема за рускиот систем РАТЕП, кој произведува системи за контрола на бродските противвоздушни ракетни и артилериски системи. РАТЕП е под санкции од 2014 година.

Според документите поднесени до Министерството за финансии и трговија на САД, Haas Automations ги прекршила санкциите на САД откако наводно извезла стока во Русија во вредност од 2,8 милиони долари во периодот од март до октомври 2022 година. Потпретседателот на Хаас Питер Зирхут коментира дека од март 2022 година компанијата не продава резервни делови и каква било опрема за рускиот пазар.

Засега нема информации дали американската влада ќе спроведе истрага за една од најголемите компании во инженерската индустрија и еден од лидерите во националната економија. Ако навистина дојде до заклучок, Haas Automation може да се соочи со огромна парична казна и тоа ќе влијае на тимот на Хаас, кој и онака има еден од најскромните буџети во Формула 1. (24 часа )

Макс Верстапен пристигнува за еден ден подоцна во Саудиска Арабија

Advertisement