Фудбал
Стомачниот вирус ги зафати и фудбалерите на Црвена Зведа
Екипата на Црвена Звезда побара и доби одложување на натпреварот против Вождовац
„Натпреварот со популарните „змејови“ требаше да се одигра в четврток од 20:00 часот, но истиот е и официјално одложен.
Десет играчи, од кои двајца голмани имаа проблем со вирусот, а тројца се повредени. Нашиот клуб ја собра целосната документација, па Суперлигата го прифати барањето за одложување“, стои во соопштението.
Поради проблеми со стомачен вирус, дури десетмина фудбалери на „црвено-белите“ не се во можност да настапуваат.