Фудбал
Страшни сцени во Холандија! Удри со тупаница навивач, Ајакс веднаш го казни (ВИДЕО)
Морничави и необични сцени го обиколија светот, а пристигнаа од Холандија.
Стивен Бергајс , играчот на Ајакс и соиграч на Душан Тадиќ , физички нападнал навивач по поразот од Твенте (1:2) и поради тоа клубот веднаш го казнил.
Поради овој пораз Ајакс следната сезона ќе игра во Лига Европа, а Бергаис удри навивач затоа што наводно расно го навредувал својот соиграч Брајан Броби.
Стивен реагираше на погрешен начин. Тој веднаш го известил Џон Хејтинг и веднаш се извинил. Разговараше со сите, сакаа да ја слушнат неговата страна од приказната и заклучокот е дека погрешил. Ајакс не ги оправдува ваквите сцени и беше казнет– стои во соопштението на Ајакс.
Steven Berghuis punched a Twente fan after he allegedly yelled “cancer blackie” at Berghuis’ Ajax teammate Brian Brobbey.
— Zach Lowy (@ZachLowy) May 28, 2023
Самиот Бергајс се покаја.
Жал ми е. Не требаше вака да реагирам. По секое гостување постојано не злоупотребуваат со пцовки. Тие го прават тоа дури и кога одвојуваме време за обожавателите кои сакаат автограм. Навикнат сум на тоа, но луѓето мислат дека можат да викаат што сакаат. Мојот одговор не реши ништо. Го знам тоа добро и нема оправдување затоа што сепак сум играч на Ајакс– истакна тој.
Како и да е, ова се немили сцени за кои нема место во фудбалот, а кои добро ќе ги паметат и навивачот и фудбалерот.