Ракомет
Струга потпиша со „босански џин“
Ракометниот супеrлигаш Струга во следната сезона во своите редови ќе има вистински џин, откако управата на клубот го ангажира босанскиот интернационалец, Дино Мехиќ, кој е висок 204 сантиметри, пишува Sport1.mk
Станува збор за 21-годишен ракометар, кој игра на позицијата десен бек и кој слободно може да го понесе епитетот „босански Криштопанс“, со оглед што играа на исто место во тимот и што двајцата со висината повеќе потсетуваат на кошаркари отколку на ракометари.