Connect with us

Ракомет

Струга претрпе пораз од Железничар на отворањето на Струшкиот турнир

Домаќинот на Струшкиот турнир, ракометниот клуб Струга, претрпе пораз од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на овој меѓународен турнир.

На отвореното игралиште „Женска плажа“ гостите од Ниш ги совладаа домаќините со 20:25.

Железничар од почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот, а на паузата замина со предност 12:14.

Во второто полувреме гостите ја зголемуваа разлика, која во еден момент изнесуваше и 18:25 за Железничар, а натпреварот заврши со конечни 20:25.

Во групата 2 освен Струга и Железничар се наоѓаат уште Алингсас (Шведска) и Констанца (Романија), а во групата 1 се Еурофарм Работник (Македонија), Целје (Словенија), Тулуз (Франција) и Бешикташ (Турција).