Фудбал
Струга ТЛ избори пласман во плеј-офот во Лигата на конференции
Екипата на Струга Трим Лум се пласираше во плеј-офот во Лигата на конференции. Стружани вечерва загубија со 2-1 од Есперанж од Луксембург, но тимот на Шпетим Дуро успеа да стигнр до последната фаза пред групите во Лигата на конференции благодарение на домашниот триумф од 3-1.
Хендикеп за Струга ТЛ во првиот дел беше исклучувањето на Марјан Радески во 15. минута.