Норвешките ракометари ја освоија олимписката бронза на Игрите во Јапонија.
Во мечот за третото место ја декласираа Шведска со 36:19, но не можат да го прифатат фактот дека не беа во борба за златото.
Особено ги боли проазата на Русите во полуфиналето, а се огласи и една од најдобрите ракометарки на денешницата, Нора Морк.
“Шокирана сум од судењето во полуфиналето. Тоа е само доказ дека судиите се најголемото зло на светскиот ракомет. Не можете да постигнете гол кога ќе ве остават без топка и посед и измислуваат ситуација за играње и земање топката подалеку од тебе. Можеш да бидеш десет пати подобар од противникот, но судиите се тие што повторно го имаат главниот збор. Тажно “, рече Морк при пристигнувањето од Јапонија.
По оваа изјава, Морк може да се најде под санкциите на ЕХФ, но и на ИХФ, кои не дозволуваат јавно критикување на судењето.