Тајмаут
Суеверија на Златан: Ибра пред натпревар нема се*с
Повеќето фудбалери имаат некои ритуали кои ги прават пред секој натпревар. Некакво суеверие кое строго го следат со надеж дека се ќе оди според планираното на натпреварот.
Кариерата на Златан Ибрахимовиќ е полна со разни анегдоти, што е доволно да се каже дека досега има објавено две автобиографски книги.
Швеѓанецот во октомври ќе наполни 41 година и впечаток е дека никогаш не бил поблиску до пензија, особено по тешката повреда на коленото.
Ибра го освои Скудетото со Милан и доколку реши да се пензионира дефинитивно ќе го направи тоа со стил бидејќи ја донесе титулата на Сан Сиро по 11 години чекање.
View this post on Instagram
Во текот на својата кариера, сега веќе легендарниот напаѓач ги смени дресовите на голем број европски великани. Меѓу другите играше и за Манчестер Јунајтед.
Токму додека го носеше дресот на „црвените ѓаволи“, зборуваше за своите суеверија. Златан има вкупно четири и редовно се придржува до нив.
Првата е дека нема секс пред игри. Како што самиот призна, секогаш кога спиел со својата партнерка Хелен пред натпреварот на теренот, бил неуспешен, па долги години не води љубов пред да излезе на теренот.
На долниот дел од грбот има будистичка тетоважа. Секој од Буда S претставува елемент – ветер, вода, оган, креативна перцепција и простор. Кога се распоредени на овој начин, се верува дека тие одбиваат болести и повреди.

Златан никогаш не си го потстрижува „коњскиот реп“.
Ибрахимовиќ мора секогаш да има полн фрижидер бидејќи, како што рекол кога пораснал, тој и неговото семејство биле толку сиромашни што фрижидерот бил главно празен. Сега нема проблеми со сиромаштијата, но постојано се грижи фрижидерот да биде полн кога и да го отвори.

Иако Хелена е десет години постара од Ибра, на одличниот напаѓач воопшто не му пречеше. Тие се заедно две децении и имаат два сина, Максимилијан (16) и Винсент (14).