Фудбал
Суперкомпјутер го предвидува победникот во Лигата на шампионите
Суперкомпјутерот Five Thirty Eight направи прогноза за победникот во Лигата на шампионите по ждрепката во последната фаза на турнирот. Според машината, европскиот клупски шампион ќе стане „Манчестер Сити“, а веројатноста за тоа се проценува на 29%.
По тимот на Пеп Гвардиола, компјутерот го посочи и потенцијалниот победник на „калчото“ оваа сезона – „Наполи“, проценувајќи ги шансите за триумф на тимот на 19%. Првата тројка ја комплетира „Баерн“ (17%).
Според вештачката интелигенција, Милан има најмалку шанси да стане европски клупски шампион оваа сезона – машината им даде на Росонерите само 2 отсто шанси да го освојат пехарот во Истанбул. Шансите на Челзи се проценуваат на 4 проценти.
Во четврт-финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат следните двојки „Бенфика“ – „Интер“, „Манчестер Сити“ – „Баерн“, „Реал“ – „Челзи“ и „Милан“ – „Наполи“. Првите натпревари ќе бидат на 11 и 12 април, а реваншите на 18 и 19 април.