Connect with us

Фудбал

Суспендиран тренерот на Интер, нема да биде на клупата на мечот со Рома

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е суспендиран на еден натпревар, па нема да биде на клупата на „нероаѕурите“ кога ќе гостуваат на Рома во 23. коло од Серија А. Инзаги мора да ја „одлежи“ суспензијата откако го доби петтиот жолт картон сезонава, што се случи во неделата кога Интер го победи Јувентус со 1-0.

“Многу сум лут поради оваа одлука, мислам дека не заслужив картон. Тоа беше италијанско дерби, многу интензивно. За жал, ја напуштив мојата област, требаше да добијам предупредување. Жал ми е, но подобро е ова да ми се случи мене, а не на некој од моите играчи. Сепак, тоа што нема да бидам на клупата во сабота остава горчина“, изјави Инзаги.

Интер е прв на табелата со 57 бодови и натпревар помалку од второпласираниот Јувентус кој има 53 бодови.