Connect with us

Други спортови

Светскиот тенисер број еден го откажа Париз, Ѓоковиќ има само една голема пречка да си го исполни сонот

Тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер , се повлече од Олимписките игри во Париз поради воспаление на крајниците, објави Италијанецот на социјалните мрежи.

„Со тага ве информирам дека за жал, нема да можам да учествувам на Олимпијадата во Париз“, напиша Синер во објавата на X.

ОИ беше една од неговите главни цели
„После квалитетен тренинг на земја, почнав да се чувствувам лошо. Поминав неколку дена во одмор и при посетата лекарот констатира тонзилитис и строго ме советуваше да не играм. Разочаран сум бидејќи Олимписките игри ми беа една од главните цели ова сезона „Едвај чекав да ја имам честа да ја претставувам мојата земја на овој многу важен настан. Среќно на сите италијански спортисти“, додаде 22-годишниот Италијанец.

Поради болест и висока температура, Синер најпрво го одложи патувањето во Париз, но бидејќи состојбата не му се подобри, го откажа настапот на олимпискиот турнир кој започнува во сабота.

Оваа година Синер го освои Австралија опен, стигна до полуфиналето на Ролан Гарос и за прв пат во кариерата стана првиот играч на АТП рангирањето.

Ѓоковиќ и Алкараз главни ѕвезди
Досега во кариерата има освоено 14 турнири, а уште четири пати бил поразен во финалето.

Повлекувањето на Синер значи дека светскиот рекет број два, Новак Ѓоковиќ ќе биде првиот носител во ждрепката во сингл за мажи.

Главен конкурент на Ѓоковиќ на патот до единствениот трофеј што му недостасува е Карлос Алкараз. Со повлекувањето на Синер, поместен е и редоследот на носителите, така што Србинот и Шпанецот нема да можат да се сретнат пред финалето.

Секако, Алкараз не е единствената вистинска закана за Ѓоковиќ, но турнирот без Синер, Хуркач, Руне, Рубљов, Димитров, Шелтон, Тиафое и Манарин е секако посилен од оној на кој би настапиле гореспоменатите.

Advertisement