Connect with us

Фудбал

Светско првенство за ветерани, какви само имиња потврдија учество (ФОТО)

Култниот англиски стадион Сент Џејмс Парк, домот на фудбалскиот клуб Њукасл, ќе биде домаќин на Светското првенство за ветерани, поточно за фудбалери над 35 години, во јуни. Овој настан ќе собере бројни фудбалски легенди кои како и навивачите ќе будат спомени од некои поранешни времиња, а Дејли Мејл ексклузивно ги објави имињата на играчите кои го потврдија своето доаѓање и учество.

Засега е потврдено дека на овој Мундијал ќе играат Англија, Бразил, Франција, Аргентина, Шпанија, Германија, Италија и Уругвај, а составите засега изгледаат вака:

Англија: Дејвид Џејмс, Рио Фердинанд, Ешли Кол, Џо Кол, Френк Лампард, Стив Мекманаман, Роби Фаулер, Мајкл Овен.

Бразил: Роберто Карлос, Кафу; Емерсон, Кака; Роналдињо, Ривалдо.

Франција: Марсел Десаили; Кристијан Карембе, Тиери Анри.

Аргентина: Пабло Забалета, Естебан Камбијасо, Ернан Креспо

Шпанија: Карлес Пујол, Мишел Салгадо, Давид Виља.

Германија: Сами Кедира, Месут Озил, Кевин Курањи.

Италија: Марко Матераци, Фабио Канаваро; Франческо Тоти.

Уругвај: Диего Лугано, Диего Форлан.