Connect with us

Други спортови

Таа има само 16 години и веќе има освоено Грен слем

Младата руска тениска сензација Мира Андреева која има само 16 години ја постигна првата победа на Грен слем турнирите откако во првото коло на Ролан Гарос ја совлада Алисон Риске со 6:2, 6:1.

Тоа го направи доста убедливо и без мака, бидејќи рано го реши прашањето на победникот со раните брејкови во двата сета.

Таа моментално е 143. тенисерка во светот, но доколку постигне добар резултат на вториот Грен слем ќе направи голем скок на ВТА листата.

Таа во второто коло ќе игра со Французинката Дијана Пери, а тој меч најверојатно ќе се игра на теренот „Филип Шатрие“.