Connect with us

Други спортови

Такам дојде во последен момент, Џошуа е 100% спремен за борбата

Според првичниот план Џошуа титулата требаше да ја брани во меч со Бугаринот, Кубрат Пулев, кој се откажа поради повреда на рамото, а неговото место го зазема боксерот од Франција со потекло од Камерун, Карлос Такам.

“Кога Пулев најави дека се повлекува од мечот успеавме да се договориме со Такам, кој беше втора опција за противник на Ентони и тој веднаш ја прифати понудата. Свесни сме дека изборот на Такам дојде во последен момент и тоа е мал проблем за Џошуа кој се подготвуваше за меч со Бугаринот. Такам е боксер, кој има сосема различен стил, но верувам дека ова ќе биде одличен дуел”, изјави промоторот на Џошуа, Еди херн.

Џошуа во досегашниот тек од кариерата има перфектен скор, 19 победи во исто толку појавувања на рингот додека Такам во 39 настапи има 35 победи, три порази и еден нерешен резултат.