Фудбал
Талент на прагот на нов договор со Барса
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде е блиску до нов договор со Каталонците. Се очекува тој да се посвети на клубот до 2027 година веќе оваа недела. Откупната клаузула во неговиот договор ќе биде во висина од 1 милијарда евра.
Барса е свесна за интересот за Балде поради неговиот сериозен раст и прави сериозни напори да ги обезбеди неговите услуги на подолг период.
Никој во клубот не се сомневаше дека договорот ќе биде постигнат. Самиот Балде отсекогаш сакал да продолжи на Камп Ноу со плата слична на онаа на другите талентирани младинци како Педри и Ансу Фати.
Односите на Барселона со неговиот агент Жорге Мендеш се влошија, но неговиот договор се уште се работи бидејќи португалскиот импресарио секогаш предупредувал дека има клубови кои се подготвени да платат големи пари за него.