Connect with us

Ракомет

Талески: Да го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде

Како и селекторот Кире Лазаров, така и Филип Талески вели дека се соочуват со проблеми на ЕП пред се поради  четворицата позитивни на Ковид кои не отпатуваа заедно со репрезентацијата. Сепак, како што вели ќе го дадат максимумот на теренот со цел со победа да се стартува ова ЕП.

Заедно поголемиот дел сме од 22 декември и спремни го дочекуваме првиот натпревар. Словенија секако е голем фаворит. Тие се репрезентација која во претходните години редовно се бореше и за медали на големите натпреварувања. Ние одиме да се бориме и да го оставиме срцето на терен, па подобриот нека победи, вели Талески.

Првиот меч Македонија го игра против Словенија утре со почеток во 18:00 часот.

Реклама

Facebook

Реклама